Македонија

Спасовски со сценографија на прес: На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници

Објавено на

„Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен – најцрниот ден во историјата на македонската демократија“, објави ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а сегашен кандидат за пратеник и носител на листа од СДСМ.

„На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници, новинари и не дозволуваме никако насилниците да се нарекуваат уставобранители или да бидат помилувани и да им простено за стореното.
Многу е важно да разбереме сите дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата. Важно е да знаеме дека ваквиот пристап на една политичка партија може да ја сруши демократијата и слободата на граѓани и државата.

Затоа, треба да излеземе масовно на изборите и да гласаме за СДСМ и коалиција, затоа што на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април.

Како што не се откажавме тогаш, не се откажуваме ни сега!“, додава Спасовски.

Актуелно оваа недела

Exit mobile version