Скопје

(Видео) Две лица во болница по сообраќајката во Чаир – детали од МВР

На 26.04.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“, пред крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко возило „порше кајен“, управувано од Е.С.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“, паркирано од А.С.(34) од с.Кондово, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Е.С. и А.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, известени се ОВККИПС.

На почеток