Македонија

Несреќа на патот Охрид-Ресен: малолетник и 31-годишник се повредени

На 28.04.2024 во 13.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосница со локалниот пат за с.Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(31) од с.Бегниште, кавадаречко и патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(44) од Ресен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а Н.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

На почеток