Македонија

(Видео) Спасовски во „Претрес“: Не можам да се согласам дека Палчо избегал!

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за планирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не избегал.

Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи: „Апсолутно не можам да се согласам со констатацијата дека тој избегал. Тој заминал пред утврдување односно обезбедување на докази. Во моментот кога се утврдиле доказите, кога се пристапи кон претреси, се утврдило дека не се наоѓа во државата и секако за многу кратко време се обезбеди каде се наоѓа“, вели Спасовски.

На обвинувањата дека Палчо го враќаат од Турција токму пред парламентарните избори заради политички поени, Спасовски рече: „Кој очекува дека политички поени ќе добива на вакви настани, тој се лаже. Екстрадицијата е одобрена пред неколку дена, а тоа што вчера било објавено во јавноста е политика на министерството (за правда).

Повеќе на оваа тема и други актуелности, Спасовски говореше во подкастот:

На почеток