Македонија

Денеска променливо облачно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, особено претпладне кога ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно. Од претпладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максималната од 15 до 23°C.

Инаку утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка и во Лазарополе.

Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа е наврнат во Виница 28 л/м2.

На почеток