Македонија

Светски ден на медиумите, дезинформации и недостаток на професионализам, критики за МРТВ

Денеска, 3 мај е светски ден на медиумите.

„Без слободно новинарство нема слободно општество“, порачаа ЗНМ и ССНМ.

Најголемиот број новинари, демешниот ден го одбележуваат со плати под просечните и со небезбедни услови за вршење на дејноста.

Македонија годинава се качи за две места, од 38 на 36, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници, затоа што се полоши оценките на другите земји во регионот, но има послаба општа оценка од минатата година. Класификацијата на РСФ опфаќа 180 држави од цел свет.

,,Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, стои во извештајот.

Забелешки и за Јавниот сервис МТВ.

„Целокупното опкружување останува поволно за слободата на медиумите, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“.

На почеток