Свет

Невидена трагедија, една година годишнина од грозоморното убиство во основно училиште во Србија

Пред една година во основното училиште „Владислав Рибникар” во Белград се случи невиден злочин.
Во ова белградско училиште, на 3 мај минатата година, 13 годишен ученик уби девет соученици и еден чувар, во трагедија без преседан во поновата историја на Србија.

Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко уби 10 лица, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат многу граѓани за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца.Се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

Убиецот Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ е покренато обвинение, бидејќи убиецот во моментот на делото ималл 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Во 8 часот и 41 минути медиумите во Србија со едноминутно молчење ја прекинаа програмата во спомен на жртвите од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“.

На почеток