Македонија

Апасења во Кичево, Битола, Гостивар: кражби и дрога низ Македонија

На 02.05.2024 во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.05.2024 во 11.00 часот во Битола, полициски слушбеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле лицето Г.Н.(48) од Битола. При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, ампули апаурин и ампули диазепам. Лицето било задржано во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.05.2024 во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Г.И.(50) од гостиварско Неготино. Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток