Македонија

Уште денеска кампања, од полноќ изборен молк

Кандидатите за претседател и политичките партии уште денеска се во трка по гласови и убедување на гласачите дека токму тие се вистинскиот и најдобар избор.
Од ноќеска на полноќ настапува изборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките кутии во среда во 19 часот.

Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата.

Утре гласаат болните и изнемоштените чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии, како и затворениците и лицата во притвор чиј што број според посебниот извод во Избирачкиот список изнесува 2140, како и лицата во установи за вон семејна грижа – 534 избирачи и две внатрешно раселени лица.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, поради граѓани кои во меѓувреме станале полнолетни.

На почеток