Таравари на маса со Ванхоуте, па со Мицкоски: ја доби ли ВМРО-ДПМНЕ поддршката од албанската опозиција?
Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, напиша Таравари.
Дел од медиумите на албански јазик објавија и дека во седиштето на ВЛЕН имало средба на ниво Арбен Таравари-Хрисстијан Мицкоски.
На социјалните мрежи и нова објава од Таравари: „Дојде време за Промена, дури и ние доцниме!“.
Соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ е важна за овие две партии поради можен бојкот на претседателските избори. Според информациите кои ги пласира опозицијата, ДУИ има план да бојкотира, за да нема цензус. Тоа пак, ќе доведе до нови претседателски избори.