Македонија

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во подкастот на Плусинфо истакна дека по победата следува одговорност за сите оние кои направиле криминал.

„На памет не ми паѓа такво нешто, луѓето што ме знаат, знаат прво дека не сум човек кој што е одмаздољубив, иако морам да кажам дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ функциониравме и се уште функционираме во едни многу тешки времиња, со монтирани случаи, со стотици, илјадници луѓе затворани, прогонувани, само затоа што во минатото биле некако поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, биле активисти, функционери и така натаму. Морам да кажам дека се уште ние имотот како политичка партија замрзнат, иако имаме јасна пресуда на апелациониот суд дека треба веднаш да се отфрли сето тоа, да се прекине и да се ослободи партијата од октруираните судии кои што за жал еве уште не носат одлука согласно насоката на повисокиот суд, често пати и сметката ни била блокирана, нападите против мене, измислувањата, го ставам сето тоа во рангот на политичка битка.

Иако нема да се сложам и да простам и нема да заборавам тоа што беше напаѓано моето семејство сопруга, деца, родители. Но јас и на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја трансформираме, да го испорачаме тоа што го ветуваме и за кое што се обврзуваме но морам истовремено да кажам и дека онаму каде што има индиции основани сомневања за сторен криминал за злоупотреби и така натаму сето тоа ќе биде истражено и доколку се обезбедат докази тие процеси ќе бидат изведени пред судовите во Македонија“, нагласи Мицкоски.

На почеток