Свет

Путин денеска ја превзема функцијата претседател

Путин: Обидите на странските служби за дестабилизација на Русија мора да се потиснат

Денес во Москва се одржува инаугурацијата на претседателот на државата. Ова е петта ваква церемонија за Владимир Путин, кој беше избран во март.

Инаугурацијата на претседателот е свечена процедура за преземање на должностите на шефот на државата.

Постапката за инаугурација на претседателот на Русија, според Законот за избор на претседател на Руската Федерација, се спроведува по шест години од датумот на инаугурацијата на неговиот претходник. Доколку за овој ден се закажани повторени избори, како и во случај на вонредни избори, избраниот претседател ќе ја преземе функцијата триесеттиот ден по официјалното објавување на резултатите од претседателските избори од страна на Централната изборна комисија на Русија.

Од 2000 година, инаугурацијата на претседателот на Русија се одржува на 7 мај. И оваа година се оддржува на 7 мај. Руските ТВ канали ќе ја пренесуваат церемонијата во живо.

Самата свечена церемонија не е пропишана со законот за избор на шеф на државата. Уставот на Руската Федерација само вели дека, по преземањето на функцијата, претседателот на Руската Федерација полага заклетва во свечена атмосфера во присуство на членови на Советот на Федерацијата, пратеници на Државната дума и судии на Уставниот суд на Руска Федерација.

Поканетите и учесниците, според протоколот, мора да носат свечени одела.

За време на инаугурацијата на новоизбраниот шеф на државата се користат симболите на претседателската моќ – знакот на претседателот и неговиот стандард (знамето), како и специјален примерок од уставот, кој вообичаено се чува во претседателската библиотека и на кој претседателот полага заклетва.

Околу 11:15 часот, влезот во Кремљ се затвора за сите поканети на церемонијата. Гостите ги исполнуваат трите сали на Големата палата Кремљ.

На почеток