Свет

Автобус излетал од патот во Перу: Најмалку 10 лица загинати

Најмалку 11 загинати, над 50 повредени во сообраќајна несреќа во Турција

Најмалку 10 лица загинати откако патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија Перу Нотисиас објави дека повредените, некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.
Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

На почеток