Денеска гласаат болните, изнемоштените, затворениците и дијаспората
Од
Објавено на
Согласно Изборниот законик денеска гласаат болните и изнемоштените лица и затворениците во казено-поправните домови. Од Државната изборна комисија информираа дека за вториот круг за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или 11.225 лица.
Денес своето право на глас можат да го остварат и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.