Драма во Бразил: Најмалку 85 лица загинати во поплавите
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул, покажуваат најновите податоци.
Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.
„Сè уште немаме проценка што ќе биде потребно. Дури кога водата ќе се повлече ќе го видиме степенот на штетата“, изјави министерот за планирање Симон Тебет, а пренесува Ројтерс.
Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат. Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, раселени околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.
Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето. Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.