Свет

Вафа: 21 цивил загина во израелското бомбардирање на Појасот Газа

Во Газа бомбардиран магацин за хуманитарна помош на палестинската Црвена полумесечина

Најмалку 21 цивил, меѓу кои и деца, загинаа во израелското бомбардирање на Појасот Газа, од кои повеќето во јужниот град Рафах, јавува палестинската новинска агенција Вафа.

Како што е наведено, најмалку 20 лица загинаа во израелското бомбардирање на Рафах, а десетици беа повредени, додека еден цивил беше убиен во градот Газа кога беше бомбардиран училиште во кое се сместени раселените Палестинци. Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека изведуваат „целни напади“ против палестинската милитантна група Хамас во Источен Рафах.

ИД претходно денеска соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот премин Рафа во Газа, кој граничи со Египет, и дека специјалните сили ја скенираат областа.

Израелскиот воен кабинет вчера одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа за „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната најава на Хамас дека палестинската група се согласила со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

На почеток