Свет

Судењето на Трамп одложено поради тајни документи, не се знае кога ќе продолжи

Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, инициран поради несовесно постапување со доверливи документи. Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.

Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум. На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.

Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.

Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кое во согласност со законот требало да го врати во Националниот архив.

Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години. Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.

Доколку биде реизбран и по неговата инаугурација во јануари 2025 година, на Трамп би можело да му се нареди да се откаже од два федерални случаи против него: овој во Флорида и еден во Вашингтон под обвинение дека се обидел незаконски да ги поништи резултатите од претседателските избори на кои Бајден победи.

На почеток