Скопје

Сообраќајка во Куманово: пет повредени, возач е во потешка состојба

Фото Илустрација

На 07.05.2024 во 15.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На почеток