Македонија

Излезноста до 18:30 часот: 53,15 проценти гласале за пратеници, 46,34 проценти за претседател

До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2044 избирачки места. Од вкупно запишани 1.014.400 гласачи на овие избирачки места, гласале 470.054 односно 46,34%.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 72.76 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 7.35 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 1,84% на овие избори.

До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 1906 избирачки места. Од вкупно запишани 953.903 гласачи на овие избирачки места, гласале 507.040 односно 53,15%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 82,43%. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 18,62 %.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:
Изборна единица 1 59,14 %
Изборна единица 2 48,61 %
Изборна единица 3 57,87 %
Изборна единица 4 57,49 %
Изборна единица 5 53,45 %
Изборна Единица 6 37,36%

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 262 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На почеток