Македонија

Муцунски: Време е за ново поглавје, елитите на власта се поразени од народот

,,
Најпрвин сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат.

Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа. Елитите на власта се поразени од народот. Но денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта. И практично се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДУИ посакува криза, и преку бојкот на претседателските избори практично сака да се факторизира во политиката. Добрата вест е што ДУИ губи дупло. Бојкотот не им е успешен и ДУИ е сосема извесно дека оди во опозиција.

Народот денес излегуваше на избори за да си ја врати Македонија. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци се обединија и гласаа за да си ја вратат контролата врз системот, која ја немаа. Да се нормализира државата, да се има држава која наместо на елитите му припаѓа на народот.

Денешниот изборен ден помина во генерално мирна атмосфера. Сепак мораме да нотираме дека се забележани неколку поединечни нерегуларности кои треба да бидат расветлени во наредниот период. Имено неколку функционери на владејачката партија се фатени во илегални активности како го нарушуваат избирачкото право, правејќи поткуп и притисоци кои само го покажаа недемократскиот карактер на владеење на власта кој очекуваме да биде жестоко поразен. Институциите мора да бидат на ниво на задача и да се примени правото и постигне правдата за сите овие случаи.

Второто прашање на кое во наредниот период мора да се даде одговор, од страна на тие лица е потеклото на овие пари, што само докажува дека власта во заминување е една од најкриминалните досега. Со ова истражните органи допрва треба да се занимаваат.

Дозволете ми за крај да изразам благодарност за огромната доверба и благодарност за тоа што денес се случи народ и народот испрати единствена порака. Време е за ново поглавје. Доаѓаат подобри времиња.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток