Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Меѓусебни напади меѓу Русија и Украина со беспилотни летала; Путин најавува зајакнување на армијата во близина на границата со Финска](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/Меѓусебни-напади-меѓу-Русија-и-Украина-со-беспилотни-летала-Путин.jpg)
Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.
Тој на својот профил на платформата Телеграм изјави дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.
Агенцијата ТАСС јави дека руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)