Свет

Бајден: САД ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку го нападне Рафах

Бајден го потпиша законот за доделување рекордни 886 милијарди долари за војската

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата за прв пат јавно предупреди дека САД ќе ја прекинат испораката на одредено оружје за Израел доколку израелските сили извршат голема инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бајден призна дека Израел користел американско оружје за да убива цивили во Појасот Газа.

Бајден рече дека САД ќе продолжат да го снабдуваат Израел со одбранбено оружје, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана „Железна купола“, за, како што рече, да одговори на нападите од Блискиот Исток.

Американскиот претседател, сепак, нагласи дека Вашингтон нема да испорачува бомби и артилериски гранати на Израел.

Неименуван американски официјален претставник изјави за Ројтерс дека САД внимателно ја прегледале пратката со оружје што може да се користи во израелскиот напад на Рафах и ја прекинале пратката, која се состои од 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од 226 килограми.

Израел оваа недела го нападна Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле од конфликтот на друго место во Појасот Газа, а Тел Авив рече дека тоа е „ограничена операција“.

На почеток