Македонија

Груевски и честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и испрати порака

,,Судбината сакаше на денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да го поздравам големиот пораз на СДСМ и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите одржани вчера, како на парламентарните, така и на претседателските избори.

Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливито мнозинство народ жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници.
Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, не функционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.
Политики кои Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност.
Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана.

ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните.
Честитам!
Но, и голема обврска пред народот, и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат.
Со среќа!
И со ум!”, напиша Никола Груевски, на својот фејсбук профил.

На почеток