Македонија

Српски државјанин се обидел да помине граница со фалсификувана возачка дозвола

На 08.05.2024 во 11.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Х.(26) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На почеток