Македонија

И Јована Тренчевска се повлече од партиските функции

По оставките од партиските функции по изборниот дебакл на Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, и Јована Тренчевска објави дека се повлекува од партиските функции. Еве што напиша на ФБ:

,,Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде. Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка.

Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани. Ги донесовме највисоките плати и пензии, се грижевме за најмладите и за лицата со попреченост. Чекори кои не сакам да избледат низ времето.

Затоа денес се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи!

Продолжувам цврсто напред. Нема да дозволам уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Мене ме водат вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делувам од позиција на пратеник!

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро”, напиша Тренчевска.

На почеток