Македонија

(Видео) Лукаревска гневна на ДУИ: Замислете сите што сме на позиции да даваме голчиња во канцеларија

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во вчерашното издание на поткастот „Претрес со Ландов“ посочи дека постапките на министри од ДУИ, ги чинело голем пад на изборите.

„Одредени политики, одреднеи законки решенија кои беа пот капата на ДУИ, направија соодветен пад на нашиот рејтинг. Ако зборуваме за потктестот, играњето во канцеларија на кошарка – навистина иритира. И тоа да го правеле така, не треба да оди во јавност, навистина иритира. Колку и да сте во коалиција, создава одреден гнев кај вас“, рече Лукаревска.

Прашана дали тоа и кај нејзе донело гнев, посочи: „Замислете сите што сме на позиции, да земеме да играме кошарка, да даваме голчиња. Ова наше општество не може тоа да го прифати и тоа ми е јасно. Исто како што не можеше да ги прифати и оние извици на плоштад (УЧК, УЧК) тоа оди на наша штета. Тоа се дел од фактите, патоказите кои мора да нѐ освестат во делот на стратегиите за наредниот период“.

На почеток