Македонија

Спасовски најави жестока борба: За Македонија!

Три дена по изборите, ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се огласи во јавноста.

„Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години. Направивме многу како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, за што искрено се заблагодарувам до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап. Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба! Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели. Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите. СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!“, напиша Спасовски.

Тој гостуваше и во „Претрес со Ландов“, каде што изнесе ставови, досега нечуени во јавност, а одговараше и на прашања како за убиството кај Смилковско Езеро, Диво Насеље, за правдата која СДСМ не ја донесе како што ветуваше..

На почеток