Свет

„Русите напаѓаат од сите страни!“: Генералштабот на Украина откри дека на фронтот се случува пекол, Харков е најголемата цел

Руските сили ги нападнаа речиси сите сектори на фронтот, при што се забележани 155 судири, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.

На правецот Харков, руските сили, со поддршка на авијацијата, извршија 12 напади во областа Стрелечја, Красноје, Мороховец, Олејниково, Лукјанци, Гатише, Плетенјовка, Пиљна, Волчанск и Бугруватка, пренесува Униан.

Киев претходно објави дека руските сили во петокот наутро се обиделе да ја пробијат одбранбената линија на украинската армија во областа Харков и дека во тој сектор на фронтот биле испратени резервни единици за зајакнување на одбраната.

На почеток