Свет

Заменик генералниот секретар на НАТО: Алијансата не планира да испрати војници во Украина

Заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоан изјави дека Алијансата не планира да испрати војници во Украина.

„На ниво на НАТО, каде што одлуките се носат со консензус, во моментов немаме ниту планови, ниту политичка намера да распоредиме сили на НАТО во Украина“, рече тој на презентацијата на книгата, пренесува Диги24. Според него, НАТО се уште е заинтересиран да ја поддржи Украина, како и да обезбеди конфликтот да не прерасне во конфронтација со Русија.

Запрашан за „сопствените црвени линии“, по преминувањето на кои НАТО треба да интервенира во конфликтот, тој одговори дека „не се работи за кршење на црвените линии, туку за еволуција на динамиката на оваа војна“. Тој изјави дека не знае до кога ќе трае конфликтот, но, вели, „едно е јасно, оваа војна ќе продолжи“.

На почеток