Македонија

(Видео) Црвенковски и Пендаровски не дојдоа на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

На инаугурацијата на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, иако поканети, присутни не беа експретседателите Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.

На почетокот од собраниската седница за нејзино назначување, собранискиот претседател во заминување, Јован Митрески кажа дека одвоил столчиња за овие двајца претходници на Давкова, кои останаа празни.

На поканата се одзваа Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на починатиот претседател, Борис Трајковски. Двете столчиња до нив, беа празни.

На почеток