Свет

Украинците се повлекуваат од дел од регионот Харков: Мораме да ги спасиме животите на нашите војници

Борбите се жестоки во североисточна Украина откако руските сили во петокот започнаа насилна прекугранична офанзива во регионот Харков.

Шефот на украинската полиција во регионот Харков ја опиша ситуацијата во градот Вовчанск како „исклучително тешка“. Олексиј Харковски, началникот на полицијата во Вовчанск, на Фејсбук објави дека руските сили воспоставуваат позиции во градот.

Од вчера Русите тврдат дека нивните сили зазеле делови од Вовчанск и пограничното село Бухруватка. Вовчанск е стратешки важен град кој им стои на патот на Русите на нивниот пат кон Харков, вториот по големина град во Украина.

Вовчанск се наоѓа на околу 5,5 километри од границата на Украина и Русија.

Украина ги повлече своите сили во близина на неколку села во североисточниот регион Харков, објави Киев.

„Во некои области, околу селото Луканианци и градот Вовчанск, како одговор на непријателскиот оган и нападите на копнените сили, а со цел да се спасат животите на нашите војници и да се избегнат загуби, нашите единици маневрираа и се префрлија на поповолни позиции. “, соопшти синоќа украинската армија, пренесе агенцијата АФП.

„Сега е најтешко во регионите на Доњецк и Харков“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање.

На почеток