Свет

ЕУ до Израел: Веднаш да престане воената операција во Рафах

Во Брисел денеска, самит ЕУ – Западен Балкан

Еврокомесарот за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах.

Борел рече дека израелската офанзива на Рафах, на самиот југ на Појасот Газа, ја попречува испораката на хуманитарна помош и доведува до „зголемување на бројот на раселените луѓе и изложеност на глад и човечко страдање“.

ЕУ, продолжи Борел, го повикува Израел „да се воздржи од дополнително влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“. Тој предупреди дека продолжувањето на офанзивата може да им наштети на односите меѓу Унијата и Израел.

Иако ЕУ го признава правото на Израел на самоодбрана, „Израел мора да го стори тоа во согласност со меѓународното хуманитарно право и да обезбеди безбедност на цивилите“, рече Борел.

Сојузниците на Израел, вклучително и САД, се обидуваат да го одвратат Израел од копнена офанзива во Рафах, каде над милион луѓе се засолниле од борбите во остатокот од енклавата.

Пред една недела израелската армија напредуваше кон градот од исток и ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет.

Во вторникот навлезе подлабоко во градот Рафа, според очевидци.

На почеток