Свет

(Видео) Детали за обидот за атентат на словачкиот премиер: погоден со 2-3 куршуми, напаѓачот му се обратил пред да пука

Извршен е атентант на словачкиот премиер Роберт Фиц, а бил погоден во стомакот и градите, пишува тамошниот веник „Правда.

Според дел од словачките медиуми, состојбата на повредениот премиер е сериозна, но неговиот живот е надвор од животна опасност и наскоро ќе биде опериран.

Според извештаите, тој бил погоден со два до три куршуми додека напаѓачот испукал пет куршуми кон него.

Како што е наведено, според очевидци, Фицо им пришол на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, на околу 150 километри од Братислава, а напаѓачот пред да отвори оган наводно му рекол:

„Робо, дојди овде“.

Откако неговите телохранители брзо го одведоа од местото на атентатот, Фиц беше качен во хеликоптер и пренесен во болница. Полицијата веднаш го совладала напаѓачот.

На почеток