На 28.02.2019 околу 12.35 часот на улица „Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген туарег“, управувано од С.Р.(31) од Скопје, удрило во две деца-пешаци на возраст од девет години.
Децата биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде кај едното биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди.
Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.