Скопје

Започна средбата на СДСМ со коалициските партнери, Заев формално ќе го предложи Пендаровски

Со задоцнување од двасетина минути започна средбата на владејачката СДСМ со коалициските партнери и ДУИ во скопски Хилтон. На оваа средба претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе го предложи Стево Пендаровски за заеднички претседателски кандидат.

Се очекува и формално прифаќање на предлогот на СДСМ на состанокот кој е во тек меѓу коалиционите партнери од власта.

Ова го потврди претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека Пендаровски ќе биде предложен за консензуален претседателски кандидат на Република Македонија.

Заев ја очекува поддршката од сите коалициони партнери и додаде дека останатите фаворити за претседател на СДСМ го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток