Скопје

Боксови и шамари низ Скопје: Возач на автобус натепал жена на Железничка, во Бутел семејно насилство, во Петровец тинејџер добил ќотек

На 14.05.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле П.П.(22) од Република Србија, затоа што кај него бил пронајден нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.05.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (15.05.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, 42 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бутел била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Ч. и од нејзиниот свекор Ј.Ч., при што сопругот употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, И.И.(18) од Скопје пријавил дека околу 17.40 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, Т.С.(62) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека во селото, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот соселанец М.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток