Македонија

Игор Југ: Груевски прв нè нападна, старите вмровци беа оставени на маргините

„Човекот кој што рече не седи по влечки, излези надвор, бори се за својата држава, бори се за својата држава, тој истиот човек, прв нè нападна. Не ги дочека првите петли. Рече насилниците да бидат настрого казнети. Нели е така? Никола Груевски“ одговора Игор Југ во Поткастот „Претрес со Ландов“ на прашањето кои се тие кои го наместиле како што посочи во 2018 година.

„Ние како оперативци во партијата ги вршевме сите работи, почнуваме од лепење плакати завршуваме со обезбедување на конкреси, на големи митинзи, завршуваме со агитации, со обработки на терен. Значи ние работевме се, ние ги вршиме нивните работи, а ти прават круг од 10 луѓе, го затвораат кругот и нас не маргинализираат и велат дека го нарушуваме угледот на партијата“ вели Југ во „Претресот со Ландов“.

Старите вмровци беа оставени на маргините, за кои Груевски се дрзна да каже дека го нарушуваме имиџот на партијата, потенцира Југ во „Претресот со Ландов“.

„Никола Груевски е добар економист и беше добар премиер, но Никола Груевски како претседател на една демохристијанска партија е негативна нула. Никола Груевски од ВМРО-вска идеологија нема „И“. Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп “ тврди Игор Југ.

Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ – СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

На почеток