Македонија

Игор Југ: За жал, се познавав со Нинџа пред 27-ми април

Порано сум поседувал оружје, но сега и за настаните од 27-ми април не поседував, немав потреба од тоа тврди Игор Југ, кој бара Вилма Русковска да покаже еден доказ дека тој имал план да го ликвидира екс-премиерот Зоран Заев.

„Пред 27-ми април, долго време се познавам, Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо. Нинџа ми е аманет од мојот поранашен другар Марјан Тушевски. После смртта на Марјан, они беа деца оставени на улица кои треба да ги плаќаат цеховите кои ги направил некој друг. Јас не сум човек кој ќе остави деца на улица“ одговара Игор Југ со кој од осудените за 27-ми април се знаел од претходно.

Југ тврди дека Александар Василевски – Нинџа бил дел од македонските служби до степен да му ја исполнил желбата на Горан Гуте Живаљевиќ, кој не му мислел добро.

„Захарије Симовски призна дека носел пиштол во Собранието, а тврдеше и дека и Игор Југ и Јане Ченто носеа пиштол ама не ги извадија тврдеше тој по нарачка на Вилма Русковска за да биде амнестиран. „Причај ми мало о правде““ рече Игор Југ во „Претресот со Ландов“.

Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ – СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

На почеток