Македонија

Битиќи демантира: Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи на ФБ ги демантира написите во дел од медиумите дека ќе дејствува како независен пратеник, а потоа и како член на ВЛЕН.

,,Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”.

Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени.

Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата”, напиша Битиќи.

Битиќи е избран од листата на СДСМ во ИЕ2, но поради изборниот дебакл прв поднесе оставка од политичките функции, но условена и која ќе биде ефектуирана кога цело раководство ќе замине.

Денеска Битиќи напиша и дека останува во политиката.

На почеток