Македонија

Љупчо Палевски-Палчо мирно ја поминал првата ноќ во затворот

Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ја помина првата ноќ во македонски затвор откако вчера беше екстрадиран во земјава. По околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир тој вчера беше спроведен со редовен лет на Туркиш Ерлајнс на скопскиот аеродром.

Палевски ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе се движи по посебен ходник.
Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.

Љупчо Палевски првата ноќ во истражниот затвор Скопје ја поминал мирно без да се пожали на некакви здравствени проблеми или да бара нешто повеќе од она што му е одредено согласно неговиот статус на првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На почеток