Македонија

(Видео) Јужниот сосед покажа мускули, наместо да честитаат, мое човеково право е како ќе ја нарекувам државата, рече Мицкоски за реакциите од Грција

Прашан за заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и свечената изјава без придавката „северна“ и користењето на старото државно име, Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христија Мицкоски рече дека реакцијата на Грција е покажување мускули.

„Беше достоинствена, можам да кажам дека очекував честитка од нашиот јужен сосед, наместо тоа добивме политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули. Очекувам добри, одлични меѓусоседски односи. Ниту на едните ниту на другите не ни се допаѓа Преспанскиот договор, многупати сме кажале дека е реалност, комуникацијата во институциите остануваат согласно законите и Уставот, но моето основно човеково право е како ќе ја нарекувам државата. Додека давам изјави пред вас новинарите, изјавите ќе бидат Макеоднија и македонски. Очекувам тоа да биде и од Силјановска“, рече Мицкоски.

Тој испрати и порака до Грција: „Да престанеме со закани. Ако мислат дека сме го прекршиле Преспанскиот договор, го има Меѓународниот суд за правда, таму може да ги вкрстиме аргументите. Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото, тоа нема да го направиме. Ние на нивните политички мускули нема да ги преименуваме автопатите, да градиме споменици. Ние сакаме да видиме добра соработка, добрососедство. Можам да ги повикам грчките компании да инвестираат. Ваков тип на соработка сакам да видам. Нема втора можност за прв впечаток, а од јужниот сосед, наместо честитка за убедливиот тиумф, видовме политички мускули“.

На почеток