Македонија

Мицкоски најави дека ќе ја каже земјата: Земаме заем од Влада со Влада, за да ги финансираме лошите проекти од оваа Влада

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не откри која е државата од која Македонија ќе повлече заем, но кажа дека ќе се земат до една милијарда евра, за да се крпат дупки, кои според него, ги правеле СДСМ и ДУИ. Спроед Миццкоски, условите се поволни. За тоа која е државата – рече ќе открие наскоро.

„Влада со Влада да повлечеме заем, до една милијарда евра, средства кои ќе ни бидат потребни за да ги финансираме лошите проекти на оваа Влада. Можам да кажам само дека државите кои ги споменуваа не се тие, дека станува збор за европска држава, наскоро ќе ја дознаат и медиумите и државата. Станува збор за поволни услови, многу поповолни од задолжувањето на Валдата и на неродените поколенија“, рече Мицкоски.

Кажа дека ќе бидат посветени на економските политики.

„Јас кажав дека станува збор за инвестиција во енергетиката, од приватен капитал, од исклучително голем играч, каде има големи финансиски институции во акционерската структура. Од оправдани причини не можам да кажам за што станува збор, договорот е завршен, станува збор за проект кој е од обновлива енергија. Проект во кој нема потреба од стратешки договори како што на шверцерски се носеа во Собранието“, рече Мицкоски.

На почеток