Македонија

Составот на идниот кабинет на Владата наскоро ќе биде познат, без одговор дали ВЛЕН ќе добие спикерско место во Собрание

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 2/3 во Собранието, најави претседателот и иден мандатар, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека течат преговорите со политички партии, меѓу кои е и ВЛЕН. Немаше конкретен одговор дали спикерот на Собрание ќе припадне на човек предложен од ВЛЕН.

„Можам да кажам дека со нашите потенцијални коалициони партнери да имаме партнерски однос. Никој не треба да биде понижен од другиот. Очекуваме договорите да бидат на задоволство на двете страни. Ценам дека во тој дух се одвиваат разговорите. Убеден сум дека многу бргу од денеска ќе можеме да објавиме состав на идниот кабинет и коалиција со повеќе од 2/3 во македонскиот кабинет кој не се случил досега“, рече Мицкоски.

Истовремено, Мицкоски објави дека пратеници од други партии се приклонуваат кон ВМРО-ДПМНЕ, со што, нивната коалиција треба да има 61 пратеник и без другите партии со кои разговараат.

На почеток