Тошковски отиде кај Сиљановска во Вила Водно: од нејзе има само едно барање
„Денеска во Вила Водно имав срдечна средба со Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. Најнапред ѝ ја честитав заслужената победа и посакав да има успешен мандат во кој ќе биде заштитник на државните интереси“, објави Панче Тошовски, технички министер за внатрешни работи и додаде:
„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани“.