23-годишна девојка физички нападнала жена, и ја украла чантата со пари и документи
Од
Објавено на
На 16.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода Џ.С.(23) од Кочани. Таа се сомничи дека на 15.05.2024 извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.
Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.