Македонија

Палчо бара тројца адвокати за да го бранат, барањето е во рацете на Кривичен суд

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побарал од Кривичен суд да му се обезбедат тројца адвокати за да го застапуваат, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, двајца од нив, на кои Палевски сака да му се правен тим се Тони Менкиновски и Славко Секулов. Третото име засега е непознато.

Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.

„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.

Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.

Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов претходно кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.

На почеток