Македонија

Крај секоја дупка во пеколот има стража, случајно да не побегне некој, само кај дупката каде што се Македонците нема, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска ги прокоментира случувањата во Македониа, особено по последната актуелна политичка ситуација и понижувачките резултати за најстариот универзитет св. „Кирил и Методиј“ кој е рангиран на 1990 место од 2000 најдобри универзитети.

„Странците фрлаат дрва и камења врз ново избраната претседателка на државата затоа што го употребила името Македонија, Македонците се ситат и ја нарекуваат бесловесна баба која ќе ја уништи државата. Бујар Османи го враќа амбасадорот од Чешка затоа што овој се спротивставил на отворената узурпација на Министерството за надворешни работи од ДУИ, Македонците се ситат и ги шират лагите на Османи.

Најстариот универзитет во државата е рангиран на 1990 место од 2000 најдобри универзитети затоа што секоја власт издвојува кикирики за образование и 0 средства за наука, Македонците се ситат и велат со вакви професори толку заслужуваме. Бугарија бара преиспитување на илјадници државјанства дадени на Македонци кои во 90% од случаите само така можат да најдат добра и соодветна работа, Македонците се ситат и велат да им се одземат или да бидат протерани.

Јас 30 години повторувам исти нешта и се залагам за исти принципи и на избори од 280000 гласачи добивам 1200 гласа, Македонците се ситат и велат од каде да знаеме за што ќе се залагаш ако дојдеш на власт. Крај секоја дупка во пеколот има стража, случајно да не побегне некој. Само кај дупката каде што се Македонците нема. Тие сами го влечат назад тој кој што ќе се обиде да излезе“, вели Најчевска.

На почеток