Македонија

Доаѓа ли ново невреме кон Македонија

Според нашата алатка НОТАС, за рана најава на нестабилност и невреме, до крајот на денов и вечерва, како и претстојната ноќ таа прикажува ниво 3 во Македонија, засилен ризик од појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнеа, како и со појава на град.

Препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно да се подалеку од дрвјата.

На почеток