Македонија

Мицкоски: По прегласувањето ќе имаме 62 пратеници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по прегласувањето во Изборната единица 5, тој ќе може да соопшто дека имаат не 61 пратеник, туку 62 пратеници.

,,Треба да ја довршиме задачата, на 22 мај ќе има прегласување во Изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање верувам дека нема да зборувам за 61 пратеник, туку за 62 пратеници. Следната цел е две третини во Парламентот.
Верувам дека кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме. Тоа ќе ни овозможи да го промениме Законот за организација на ресорите во самата Влада за да добиеме нова структура на модерна Влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

На почеток