Македонија

Мицкоски: Своето не го даваме, туѓо не сакаме, ќе водиме принципиелна политика со соседите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави принципиелна политика со соседите.

,,Како идна Влада, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе се залага за принципот-своето не го даваме, туѓото не го сакаме. Нема да се прават избрзани чекори, кои можат многу да ја чинат државата.Мора да сме трпеливи, мора да сме попаметни, тројно попаметни од сите и помудри, затоа што само така можеме да опстанеме во круг на многу предатори кои што верувајте не сакаат да ја видат Македонија успешна, не сакаат да ја видат Македонија просперитетна, среќна, Македонија полна со граѓани кои што се задоволни. Тоа го видовте уште во првите денови кога ние не бевме се уште разбудени од оној историски резултат на 8 мај, а веќе почнаа страстите да се вжештуваат, но не само наоколу туку и дома”, рече Мицкоски.

Мицкоски отфрли какво било беспотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.

,,Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи, бидејќи никогаш не се плашиме да ги вкрстиме нашите аргументи со аргументите на нашите соговорници””, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток